ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ-ПЛЕЈ-ОФ: Вардар и МЗТ Скопје ќе играа „мајсторка“

97

Кошаркарките на Вардар дојдоа до голема победа во вториот четвртфинален меч од плеј-офот против МЗТ Скопје, славеа со убедливи 71:53 и израмнија на (1-1) во серијата. Патникот во полуфиналето ќе биде познат за неколку дена.

Гостинската екипа ги доби, интересно, сите четири четвртини. Избраничките на тренерот Александар Ашаданов делуваа убедливо во првата (24:16), но и во втората четвртина во која остварија (18:11).

За убедливо водство на полувремето (42:27), недостижно за  екипата која ги елиминираше во полуфиналето од Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“.

Најискусната кошаркарка на теренот Славица Наков имаше и најмногу реализации – 26, Деловска запиша 15, додека Џангаровска застана на 10. Во поразената екипа, Американката Симонс имаше 18 поени, Митрева 16.

ПЛЕЈ-ОФ – ЧЕТВРТФИНАЛE

РЕЗУЛТАТИ – ВТОР НАТПРЕВАР

МЗТ Скопје Аеродром – Вардар         53:71 (1-1)

СТРУГА 2009* – Крива Паланка           67:54 (2-0)

Пробаскет – БАСКЕТ КАМ* 2011         58:83 (0-2)

Гризли – БАДЕЛ* 1862 48:70 (0-2)

*- полуфиналисти

ПретходноКој губи има право да се лути: Тренерот на Борец се сомнева во регуларноста на АБА-лига!
СледноТанкоски: Ништо не е сигурно, Татран ќе биде комплетен!