Танкоски: Ништо не е сигурно, Татран ќе биде комплетен!

141

Пелистер денеска (16 часот) во Прешов треба да го завери својот пласман на фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига. Битолчани на првиот меч на домашен терен славеа со убедливи 37-29, па оваа разлика треба да биде доволна за остварување на една од трите цели оваа сезона – место меѓу најдобрите четири екипи во регионалното натпреварување.

Иако ракометарите на Пелистер треба да бранат осум гола разлика, сепак се внимателни, знаат дека истата може да биде стопена доколку се опуштат.

„Осум разлика носиме во Прешов, но тоа не е ништо. Сигурно Татран ќе биде комплетен во вториот натпревар, во Битола беа преполовени без Рабек и Урбан. Ќе се обидеме да ги одбраниме тие осум разлика за да се пласираме на Ф4, кој сите го посакуваме.

По натпреварот во Прешов ни следи дерби во Автокоманда против Алкалоид. Многу ни е важен тој натпревар, но нема да биде лесно. Мора добро да се спремиме, ако сакаме на седми мај против Вардар 1961 во Битола да се бориме за титула“, изјави Марио Танкоски. 

Алкесандар Јовиќ исто очекува тежок меч, но планира да одмори неколку играчи бидејќи доправа доаѓа важниот дел од сезоната.

„Нè очекува тежок натпревар. Одлучивме да одмориме 3-4 наши ракометари, кои беа преоптеретени во овој дел на нашето првенство и во СЕХА лигата. На овој натпревар ќе им дадеме поголема шанса и на помладите играчи и на оние кои имаа помала минутажа досега“. 

ПретходноПРВА ЛИГА-ЖЕНИ-ПЛЕЈ-ОФ: Вардар и МЗТ Скопје ќе играа „мајсторка“
СледноКарате репрезентација со 135 медали на Балканскиот шампионат!