Карате репрезентација со 135 медали на Балканскиот шампионат!

128

Македонската репрезентација во традиционално карате е најуспешна на ИТКФ балканскиот шампионат со освоени вкупно 135 медали 40 златни, 39 сребрени и 56 бронзени медали.

Медалите се освоени во сите возрасни категории и натпреварувачки дисциплини во поединечна и екипна конкуренција.

Најуспешни каратисти со освоени повеќе златни, сребрени и бронзени медали во сениорска, јуниорска и кадетска категорија беа: Димитри Влахо, Антонија Белазелкоска, Сашо Спасовски, Бојан Богдановиќ, Берта Милевска, Мила Младеновска, Јана Милевска, Марта Димковска, Изабела Пренковска.

Додека кај најмладите со одличја се закитија: Камелија Недев, Филип Недев, Матеј Мангаровски, Срна Вапски, Мариастела Топалоска, Софиа Топалоска, Софија Јарчевска, Ива Спасеновска, Лука Крстевски, Дамјан Трајковски, Георги Кокорманов и Максим Поп Трпев.

На балканскиот шампионат учествуваа 274 каратисти од 6 држави, а Македонија беше најуспешна и настапи со 80 каратисти. Шампионат се одржа на 8 и 9 април 2023 година во СЦ „Борис Трајковски“.

ПретходноТанкоски: Ништо не е сигурно, Татран ќе биде комплетен!
СледноКлоп: Не ми е јасно како можеше да не победиме!