Пласманот на СП – останува само сон: Ракометарките надиграни од Украина и на реваншот!

353

Македонската ракометна репрезентација не успеа да дојде до посакуваниот резултат ниту на реванш мечот против Украина за место на Светското првенство беше совладана со убедливи 31-22.

Гичевска со десет погодоци беше најефикасна, зад беа беше Ристовска со пет гола, Мицевска имаше осум одбрани.

Ако во Скопје за утеха беше второто полувреме, денеска избраничките на Љубомир Савевски беа под секое ниво. Украина одигра на уште поголемо ниво, кое беше тешко да се прати. Техничките греши и на оваа средба беа главен непријател на „срвено-жолтите“, а не одеше ниту како што треба реализацијата. Овој тим од Скопје во второто полувреме целосно изчезна.

Македонија само двапати поведе на оваа средба, 0-1 и 1-2. По релативно изедначена игра, противникот со серија од 6-1 поведе со 16-9, а пред крајот на првото полувреме негативата која нашата репрезентација беше минус 12 (23-11). Со иста разлика се замина на одморот 24-12.

Украина во второто полувреме имаше плус 13 (27-14), предност која беше доволна за да го приведе овој меч во своја корист иако Македонија го доби овој период.

ПретходноВардар 1961 по пресврт го освои Нови Сад и го потврди билетот за Ф4 во СЕХА-лига!
СледноЛевандовски за Меси: Не знам што ќе се случи, но сите знаеме каде му е местото!