Вардар 1961 по пресврт го освои Нови Сад и го потврди билетот за Ф4 во СЕХА-лига!

313

Вардар го завери своето учество на фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига, откако на гостувањето кај Војводина по пресврт славеше со 26-32 (15-11). За „црвено-црните“ ова ќе биде десетто учество на Ф4 во регионалното натпреварување, на истото се враќаат после две сезони.

Георгиевски со 10 гола беше прв стрелец, зад него беше Јан Чувара со седум гола, Талески имаше шест погодоци.

Актуелниот македонски првак беше далеку од посакуваното ниво, му дозволи на противникот да поведе со 6-1, па 7-2 и 8-3. Во овој период тимот од Нови Сад доминираше, ја користеше секоја грешка на ракометарите на Вардар кои на овој меч беа без помошта на Стојанче Стоилов, Борко Ристовски, Велко Маркоски и Дарко Ѓукиќ.

По 15-11 на одморот, актуелниот македонски првак предводен од Филип Талески, Георгиевски и Чувара со серија од 5-0 дојде до прво водство од 19-20 во 41 минута.

Од овој момент избраниците на Владо Недановски фатија ритам веќе на четири минути до крајот предноста изнесуваше пет гола 24-30. Ова беше доволно за мирен финиш и триумф на втората пресметка.

ПретходноМладите во јуни со дуели против Ерменија и Малта
СледноПласманот на СП – останува само сон: Ракометарките надиграни од Украина и на реваншот!