Лука Дончиќ повторно беше во центарот на вниманието во НБА-лигата, не само поради фантастичните 53 поени во победата над Портланд (124:118), туку и поради потегот со кој ја воодушеви публиката во салата.
Словенечкиот кошаркар пред крајот на првото полувреме погоди неверојатна тројка од сопствената половина, односно од околу три четвртини од теренот. Неговиот шут предизвика воодушевување на трибините, а камерите ја забележаа и реакцијата на познатиот американски музичар Брус Спрингстин, кој со насмевка и неверување ја следеше мајсторијата на Дончиќ.
LUKA JUST SANK IT FROM 3/4 COURT 🤯
Bruce Springsteen can’t believe what he just witnessed! https://t.co/D0a9aSnwuX
— NBA (@NBA) November 7, 2026










