ВМФЛ: Работнички на гости во Кочани, лидерот го пречекува Камјани

58

Денеска од 13 часот на програмата се сите седум натпревари од 11.коло во ВМФЛ. Нема дерби во ова коло, секако дека ќе биде интересно. Работнички му гостува на Осогово и посакува само победа и три бода како го задржал чекорот со водечките Охрид и Пелистер.

Лидерот, тимот на Охрид дома игра со Камјани, секако дека нема да му лесно ако се знае дебитантот досега е најпријатното изненадување во досегашниот дел од сезоната.

Пелистер гостува во Гевгелија кај Кожуф. Интересно е тоа што битолчани ќе му гостуваат на тимот кој е предводен од Вангел Алтипармаковски, битолчанец, кој до пред некој месец беше во стручниот штаб на Пелистер.

ДВОЈКИ ЗА 11.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)

Охрид: Охрид – Камјани

Струмица: Беласица – Шкупи

Кочани: Осогово – Работнички

Новаци: Новаци – Македонија ЃП

Радовиш: Детонит – Брера

Гевгелија: Кожуф – Пелистер

Тетово: Тетекс – Еуромилк

ТАБЕЛА

Охрид 25, Пелистер 24, Работнички (-1) 21, Брера (-1) 18, Камјани 17, Тетекс 13, Беласица 13, Кожуф 13, Македонија ЃП 12, Детонит 9, Новаци 8, Еуромилк 7, Осогово 7, Шкупи 0.

ПретходноИнфантино се откажа од идејата за Светско до 64 репрезентации
СледноПовторно се повреди: Осимен оди на нова операција