Повторно се повреди: Осимен оди на нова операција

0

Еден од најдобрите напаѓачи во светот, Виктор Осимен, ќе мора да замине на операција по повредата на левото колено. Напаѓачот на Галатасарај се повреди на натпреварот од Лигата на шампионите против Штутгарт, а дополнителните лекарски прегледи и магнетната резонанца открија истегнување и присуство на слободен фрагмент во зглобот.

Поради тоа, турскиот клуб закажа артроскопска операција, која треба да биде извршена во болницата „Маслак Аџибадем“ во Истанбул. Галатасарај засега не објави официјална процена за должината на паузата, но според информациите на турските медиуми, опоравувањето би можело да трае најмалку два месеца.

ПретходноВМФЛ: Работнички на гости во Кочани, лидерот го пречекува Камјани