Одбојкарките во Сребрената лига ќе почнат со три средби дома, па потоа трипати ќе гостуваат

118

Женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија која по подолга пауза ова лето за првпат ќе исчекори на меѓународната сцена како учесник на Европската сребрена лига, првите три меча во групата ќе ги одигра на домашен терен.

Според ревидираниот распоред на натпревари во групната фаза, нашите одбојкарки натпреварувањето ќе го почнат со три дуели на домашен терен, по што ќе одат на три последователни гостувања. ОФМ го пријави сениорскиот тим во Европската сребрена лига, а во деби настапот, Македонија ќе игра во групата „А“ со Австрија, Естонија и со Летонија.

Во првото коло на 27 мај ќе ја пречекаме Австрија, потоа во Скопје ќе дојде Летонија на 31 мај, па на 3 јуни ќе ја пречекаме и селекцијата на Естонија.

Потоа следуваат сите три гостувања во периодот од 10 до 17 јуни кога редоследно ќе им гостување на Естонките, па на Летонија и на крајот на Австрија.

Завршниот турнир на најдобрите ќе се одржи во Австрија на 24 и 25 јуни.

ПретходноКостески: Навивачите на Битола се страствени, гладни за успех – цели 18 години чекаат титула!
СледноПех за Јунајтед: Мартинез има скршеница, во аут до крајот на сезоната