Костески: Навивачите на Битола се страствени, гладни за успех – цели 18 години чекаат титула!

266

Ненад Костески игра одлична сезона. Македонскиот репрезентативец прераснува во вистински лидер не само во дресот на Пелистер, туку и во националниот тим. Иако има само 22 години, сепак делува многу поискусно од своите постари соиграчи, вака СЕХА-лига во своето интервју го претстави.

Костески опиша како е да се игра во битолскиот тим кој е навистина голема гордост на овој град.

„Не е лесно да се игра во Битола. Фановите се многу страствени, главни за успех, цели 18 години ја чекаат титулата. Навистина е прекрасно да се игра тука, но од друга страна може да се почувствува притисокот бидејќи амбициите се големи, а фановите сакаат да го победиш секој домашен и гостински меч. Имам чувство дека навивачите ме сакаат, кога се движиш низ градот можеш да го почувствуваш респектот од луѓето. Има голема разлика кога победуваш и кога губиш меч, што пак ве мотивира многу повеќе“, рече Костески.

За очекувањата оваа сезона тој потенцираше дека двете титула се во домашниот шампионат се на првото место.

„Мислам дека оваа година може да биде вистинската. Се трудам максимално да ја искористам секоја дадена можност. Битола многу ми одговара, тука сум веќе три години, а имам уште две години договор. Можам да го почувствувам напредокот што го постигнувам овде. Нашата главна цел е конечно да ја освоиме титулата во Македонија – ова беше и една од главните причини зошто решив да се вратам во Македонија. Еурофарм е амбициозен клуб и навистина сум среќен поради тоа“.

Целото интервју можете да го прочитате на следниот ЛИНК. 

ПретходноНиколиќ: Игравме против гигант! Победата им ја посветувам на моите млади тренери!
СледноОдбојкарките во Сребрената лига ќе почнат со три средби дома, па потоа трипати ќе гостуваат