Николиќ: Игравме против гигант! Победата им ја посветувам на моите млади тренери!

980

МЗТ Скопје со победа го заврши регуларниот дел од сезоната во АБА-лига, на домашен терен ја совлада Цибона со 87-74 и сега чека абер од Будуќност против Борац Чачак, поточно победа на црногорскиот состав која ќе им донесе бараж меч за опстанок.

На клупата се врати Драган Николиќ, тој одлучи да не прави детална анализа на мечот, туку им се заблагодари на своите соработници, помошници за сето она што го направи тоа.

„Нема да се задржувам на тоа како што вие новинарите сакате да анализирате и како се вративме. Игравме против гигант на кого му посакувам многу среќа. Се навикнав на ваква атмосфера, салата беше полна и покрај периодот на празниците. На прво место му ја посветувам победата на мојот татко, кој е починат. Исто така победата ја посветувам на Васко Атанасов. Сакам да им се заблагодарам на моите соработници за сработеното, за сето она што го направија. Тие се голема иднина не само на МЗТ Скопје, туку и на македонската кошарка. 

Не зависиме од себе, нашата судбина е во други раце“, изјави Николиќ. 

ПретходноПромашување на сезоната во АБА-лига кое најдобро го опишува падот на Цибона во Скопје (ВИДЕО)
СледноКостески: Навивачите на Битола се страствени, гладни за успех – цели 18 години чекаат титула!