Чудно, за кого се игра фудбал: Зошто скопското дерби во Велес ќе биде “затворено“, ќе се игра без публика?

2965

Ако вчера беше милина да се види преполниот „Борис Трајковски“ со гледачи, каде играа Вардар и Гостивар, тогаш денеска шок. Имено како што дознаваме, скопското дерби кое се игра во Велес на стадионот „Зоран Паунов“, во кое се среќаваат Работнички и Скопје, ќе биде затворено за публика.

Чудно, да не кажеме шокантно!

Кој од што и зошто стравува, навистина остануваме без одговор.

Работнички како домаќин и организатор на овој натпревар како прво се одлучи да се игра во Велес, а сега нов шок, клубот од Градски парк одлучи ова дерби да биде од затворен тип, да не смее да има публика.

Единствено двете екипи имаат право на стадион да влезат со по 10 лица плус од играчите и тренерите, се разбира и докторите и масерите.

Нели, фудбалот се игра за публика, но ете, некој така одлучил.

И со тоа им се скратува можноста на велешани да не можат да проследат прволигашки фудбал, да го проследат скопското дерби кое се игра во нивниот град. Па и на оние фанови на двете екипи.

Ете, тоа е мак – фудбалот.

Инаку Работнички не е под казна за да мора да игра без публика, а ниту пак ова дерби е прогласено за меч од висок ризик.

ПретходноВМФЛ: Охрид на мегдан со Пехчево, Воска со лесно гостување кај Тетекс…
СледноДетето на Металург се сели во Целје!