ВМФЛ: Воска, Вардар, Гостивар или Пелистер… кој со директен пласман во ПМФЛ а кој во баражот, кој со кого до крајот, целиот распоред на дланка!

5109

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Без разлика дали го сакаш или не, сепак мораш да ја респектираш неговата историја, трофеите, илјадниците фанови, без разлика што еве веќе втора сезона тавори во ВМФЛ, а може и наредната сезона да игра во втората лига на Македонија. Се разбира дека тука мислиме на Вардар, тимот кој вчера, иако играше речиси 50 минути со играч повеќе, пропушти златна шанса да го победи Гостивар, да ги израдува своите фанови со победа и да направи голем исчекор кон враќање во елитата.

Ама кога имаш таков стручен штаб каков што има Вардар, кога се плаши да тргне по трите бода носен од своите фанови на преполниот “Борис Трајковски“, тогаш ќе загубиш два златни бода во битката за првите две места кои водат директно во ПМФЛ.

А знаат ли во стручниот штаб на Вардар со кого играат до крајот, каков пекол ги чека, кој се ги чека?

Веројатно не знаат, да знаеја вчера во второто полувреме немаше Вардар да игра онака како што играше.

Но, тоа е нивна работа, а ние нема да “плачеме“…за тоа што се случуваше во вториот дел од мега – дербито со Гостивар.

И ако веќе не знаат со кого се играат, еве им го распоредот до крајот.

Воска на шест кола до крајот има 59 бодови, Вардар 56, Гостивар 55 а Пелистер, и тој е во “игра“, само 50. Познато е, првите две екипи патуваат во ПМФЛ, третопласирана оди во баражот, веројатно со Скопје, а четвртиот тим и дефинитивно одново ќе игра во ВМФЛ следната сезона.

Вардар има бод повеќе од Гостивар, но Вардар следниот викенд игра кај Воска, до крајот гостува и во Струмица а игра дома и со Пелистер. Секако дека игра и со Слога (В), Кожув и Тетекс, но ајде овие три меча да кажеме дека ќе ги добие лесно.

И што правиме ако Вардар загуби кај Воска во сабота, а како игра веројатно и ќе загуби. Тогаш Воска и натаму ќе биде прва со +6 пред Вардар, Гостивар ќе биде втор со +2 бода пред Вардар и оди стигни го, посебно ако се знае дека Воска оваа сезона игра во најдобра форма, а Гостивар има убедливо најквалитетен состав во ВМФЛ, а има и пари, а тоа е многу битно. И Гостивар има супер распоред, тоа е најважно за нив.

Во секој случај не очекува супер интересна завршница во сезоната 2022/23 во ВМФЛ, останува да се одиграат уште шест кола, а во продолжение можете да го видите распоредот на Воска, Вардар, Гостивар и Пелистер, кој со кого до крајот.

ТАБЕЛА ПО 24.КОЛО

1.ВОСКА 59 бодови

2.ВАРДАР 56

3.ГОСТИВАР 55

4.ПЕЛИСТЕР 50

25.КОЛО (23.04)

Беласица – Пелистер

Воска – Вардар

Гостивар – Кожув

26.КОЛО (26.04)

Пелистер – Караорман

Арсими – Гостивар

Кожув – Воска

Вардар – Слога (В)

27.КОЛО (29.04)

Тетекс – Пелистер

Беласица – Вардар

Воска – Арсими

Гостивар – Охрид

28.КОЛО (06.06)

Пелистер – Пехчево

Детонит – Гостивар

Охрид – Воска

Вардар – Тетекс

29.КОЛО (09.05)

Вардар – Пелистер

Воска – Детонит

Гостивар – Борец

30.КОЛО (13.05)

Пелистер – Саса

Караорман – Гостивар

Борец – Воска

Кожув – Вардар

ПретходноРублев со прва Мастерс 1000 титула – го освои Монте Карло!
СледноБарса втор меч по ред одигра без голови