Воска не сака гостински навивачи, не им дозволи на „Комити“ влез на стадионот

1365

Во сабота, во рамките на 25 коло на ВМФЛ Воска Спорт на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид ќе игра против Вардар. Вардарци добиваат поддршка на секое гостување во една од најтешките сезони во историјата на клубот, па „Комити“ сакаа да присуствуваат на овој меч кој е важен за „црвено-црните“ меѓутоа домаќинот најави дека нема да има гостински навивачи.
Од таборот на Воска Спорт посочиле дека ќе преземат се што е во нивна можност натпреварот да биде организиран на највисоко ниво, ама „Комити“ на трибини не смее да има.

ПретходноСтартни состави: Лампард го „измеша“ составот, Анчелоти со проверена варијанта
СледноАлкалоид подобар во скопската пресметка со Пролет