Кожув по изненадување во Скопје, Феникс во Битола!

107

Денеска ќе се одиграат последните два меча од првите четвртфинални пресметки во плеј-офот.

Бранителот на титулата, МЗТ Скопје е домаќин на Кожув. Кошаркарите на Драган Николиќ се фаворити, но ќе мораат да бидат внимателни и покрај победите во претходните средби оваа сезона, бидејќи гевгеличани се покажаа како незгоден противник.

„Кожув има добар тренер, и во последно време ‘се дигнаа’. Оваа сезона МЗТ Скопје и Кожув се сретнаа три пати, и тука нема непознати. Исто како што беше во Купот, очекувам да се игра добра кошарка, и да победи најдобриот. МЗТ Скопје ја презема улогата на фаворит, неспорно“, вели Николиќ пред неделниот меч во СЦ „Јане Сандански“.

Натпревар  и серија за кои свои очекувања споделува и Александар Јончевски, шефот на струката во екипата на Кожув.

„По пауза од неколку години, Кожув  повторно се најде во завршницата на првенството. Ќе играме во плеј-офот наместо плеј аут како што тоа беше случај претходно, па следствено на тоа, можам да кажам дека делумно сме задоволни од регуларниот дел од првенството. о иако вкрстуваме со актуелниот шампион и со единствениот македонски АБА лигаш, имаме свои амбиции и стратегија како би направиле огромно изненадување. Нормално е да противникот е голем фаворит. Меѓутоа, одлично ги познаваме сите негови маани кои оваа година беа клучни за непланирани порази“, изјави Александар Јончевски.

Пред оваа средба во Битола, Пелистер ќе ги одмери силите со Феникс. И тука домаќинот е фаворит, но скопскиот состав оваа сезона го зеде скалпот на многу тимови, нема да биде чудо ако успее да приреди изненадување уште на стартот.

30. АПРИЛ (НЕДЕЛА)

18.30: Пелистер – Феникс 2010

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

19.00: МЗТ Скопје Аеродром – Кожув

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ПретходноМакедонските арбитри со главни задачи: Павлов главен судија на битката за бронза, Феревски ќе го суди БИБЛ-финалето!
СледноОвации од трибините и врамен дрес за „Гранде Пандев“ на „Меаца“ (видео)