Македонските арбитри со главни задачи: Павлов главен судија на битката за бронза, Феревски ќе го суди БИБЛ-финалето!

109

Александер Павлов и Алија Феревски се двајцата македонски претставници на фајнл-фор завршницата во БИБЛ-лига која се одржува во Стара Загора.

И двајцата се докажани арбитри надвор од Македонија, па токму затоа тие ќе имаат главни задачи во последните два натпревари. Александер Павлов ќе биде главен судија на мечот за третото место Берое и Милениум, додека пак Алија Феревски ќе биде дел од судиската тројка на финалето. Битката за првото место ќе ја водат Хапоел Бер Шева од Израел и Пеја од Косово.

 

ПретходноНема мир во Јувентус, бунт во соблекувалната против Алерги?!
СледноКожув по изненадување во Скопје, Феникс во Битола!