Некогашниот шахист на Алкалоид е нов светски првак!

1498

Шаховскиот велемајстор Лирен Динг кој создаде историја со ШК Алкалоид во 2016 година, кога го предводеше најтрофејниот клуб во Македонија до шампионската титула на Европскиот клупски куп во Нови Сад, Србија, денеска со триумф во „тај-брејкот“ од дуелот со Јан Непомнијачи, стана новиот светски првак во шах.

Динг играше на првата табла за македонскиот шампион и во настапите на Европскиот клупски куп во 2017 и 2018 година, при што има и уште еден трофеј за второто место во Анталија, Турција.

Лирен има 30 години и стана првиот кинески шахист што стигнал до светската титула во поединечна конкуренција, додека меѓу дамите има шест шахистки кои доминираа на светската сцена во последните три декади. Мечот за титулата се играше во Астана, Казахстан со награден фонд од 2 милиони евра.

ПретходноСамо бод за Јувентус во Болоња: Виси местото во ЛШ следната сезона
СледноСтеф Кари постигна 50 поени, Голден Стејт се пласира во полуфиналето на плеј-офот