Станковиќ го напушта бродот што тоне – Сампдорија по 12 години ќе се сели во Серија Б

1039
Sampdoria | Stankovic - Ritratti Dejan Stankovic (allenatore Sampdoria)

Сампдорија доживеа дебакл на гостувањето кај Фиорентина (пораз од 5:0) со што тимот од Џенова во секој момент ќе се лизне во Серија Б. Сампдорија е последна со 17 бодови по 32 кола, дури 10 помалку од првата екипа која е во сигурната зона, а до крајот остануваат уште шест натпревари.

Италијанските медиуми пишуваат дека тренерот Дејан Станковиќ по мечот со Фиорентина поднел оставка и тоа им го кажал на фудбалерите, сметајќи дека е најдобро сезоната во Сампдорија да ја доврши некој друг тренер.

Неколку пати Станковиќ посочи дека не се предава и ќе се бори додека може, меѓутоа не успева да ја помрдне екипата која бележи катастрофални резултати, незадоволството кај навивачите е големо и се поблиску е испаѓање во понизок ранг за првпат после 12 години.

А од раководството сакаат тој да ја доврши сезоната и да почнат од ново, без разлика дали ќе останат во најсилната лига и ќе паднат едно ниво подоле.

Ако јас сум проблем го прифаќам тоа со достоинство и гордост. Дадов се од себе и не жалам за ништо. Не ги обвинувајте играчите, овие 5:0 се моја вина. Да зборуваме за тоа“, нагласи Станковиќ на пресот по мечот.

Србинот на 26 меча на кормилото оствари само четири победи, шест ремија и 16 порази.

Тој беше прашан дали сака да остане „во возот кој тоне“ и даде критичен одговор.

Има прозорци и излези за итни случаи. Јас сум емотивна и директна личност. Не знам дали е позитивно или негативно. Мораме да одиме до крај, но мора да одлучиме со која брзина одиме. Ако е моја вина, го прифаќам тоа. Мораме да ги оставиме настрана проблемите кои се од надвор, има начини за губење и тоа беше неприфатливо“, додаде Србинот.

Ако Сампдорија испадне, можно е клубот да падне во банкрот и да биде принуден повторно да започне од Серија Д, бидејќи сегашниот покровител Масимо Фереро одби да го продаде на американски инвеститори.

ПретходноСтеф Кари постигна 50 поени, Голден Стејт се пласира во полуфиналето на плеј-офот
СледноРистовски: Овој ми е најслаткиот трофеј во кариерата, му го посветувам на Адеми