Јорданчо Давитков, еден од нашите најпознати кошаркарски тренери својата кариера повторно ќе ја продолжи во Кувајт, во нему многу добро познатиот клуб Ал Кадсија. Тој досега во изминатите месеци ја предводеше Струмица, но јасно беше само дека тоа него беше привремено решение.
Кога дојде понудата од Ал Кадсија, екс – селекторот на Македонија не се двоумеше премногу, посебно ако се знае дека во првите два мандати како стратег на тој тим од Кувајт имаше и тоа како успеси.










