Лионел Меси без дозвола на Пари Сен Жермен отпатувал во Саудиска Арабија со што предизвика револт кај навивачите на парискиот клуб како и раководството кое го казни. Додека навивачите протестираат и бараат Меси и Нејмар да се тргнат од клубот, од ПСЖ се обидуваат да ја смират топката. Во меѓувреме и Меси излезе пред камера и им се извини на навивачите за она што го направи.
„Мислев дека ќе имаме слободен ден по натпреварот како и обично. Ова патување беше договорено и не можев да го откажам. Веќе го одложив претходно… Им се извинувам на соиграчите и ја чекам одлуката на клубот што сака да прави со мене“, рече Меси во видео пораката на социјалните мрежи.
Покрај тоа, напаѓачот е амбасадор на туризмот во арапската земја и затоа ја избрал како дестинација за одмор со семејството. Се очекува Аргентинецот да не го продолжи договорот со ПСЖ и да си замине на лето.
Lionel Messi’s apology video to PSG 👀 pic.twitter.com/LPt0etyEbF
— GOAL (@goal) May 5, 2023










