Младинските тимови на Работнички 71&22 од Скопје и Наковски Волеј од Струмица се новите државни шампиони во машка и во женска конкуренција.
Кај младинците на финалниот турнир одржан во Штип, екипата на Работнички 71&22 во финалето славеше со 3:2 над екипата на домаќинот Штип УГД и успеа да се закити со младинската круна. Штипјани на овој меч успеаја да се вратат од негатива од 2:0, но не и да го освојат „тај-брејк“ сетот. Во битка за 3. место, екипата на Струмица Никоб со 3:0 беше подобра од екипата на ГОК Борец.
Кај младинките, во големото финале одиграно во Скопје, Наковски Волеј со 3:2 славеше над екипата на Вардар ЕМ. Овде екипата на Вардар Ем почна супериорно и ги освои првите два сета, но струмичанки се вратија посилни и израмнија на 2:2 во сетови, па со повеќе самодоверба влегоа во решавачкиот петти сет кој им припадна со 15:12 за освојување на шампионскиот пехар.
Во битката за третото место Јанта Волеј со 3:0 го совлада тимот на Бами Кор.









