Нема двоен “брејк“ за Леброн и друштвото. Имено Голден Стејт синоќа во вториот меч од полуфиналната серија на западот, успеа со 127:100 да слават победа над ЛА Лејкерси и со тоа да израмнат во серијата на 1:1.
Убедлива победа, и повеќе од убедлива. А затоа виновни се Клеј Томпсон и Стеф Кари, кои одиграа како во своите најдобри времиња. Очигледно е дека овој тим оди по нова титула.
Впечатлив беше настапот на Клеј Томпсон, кој уфрли дуро осум тројки, вкупно забележа 30 поени. Кари пак имаше 20 поени и 12 асистенции.
На другата страна, кај гостите Дејвис беше “заклучен“ од домашните, а Леброн Џејмс застана на 23 поени.
30 Points
8 Threes@KlayThompson went to work ⚡️ pic.twitter.com/2Oi0yqMIjP— Golden State Warriors (@warriors) May 5, 2023










