Де Лаурентис во еуфорија: Ова е само почеток, следниот чекор е пехарот во ЛШ!

655

По цели 33 години под Везув одново се слави титула. Наполи го освои „скудетото“ по третпат во својата клупска историја. И токму затоа е таа невидена еуфорија во клубот, во градот, кај сите фанови на наполи низ цела Италија.

Своето видување не го криеше ниту Аурелио Де Лаурентис, првиот човек на клубот:

Ова е кулминација на нашите очекувања кои траеа цели 33 години. Кога дојдов во клубот кажав дека ни се потребни 10 години за во Европа, а потоа и 10 години да биде шампиони. Еве ние тоа го направивме и предвреме. Сите мои ветувања ги исполнив. Ова е само почеток, следниот чекор е пехарот во ЛШ“ истакна Де Лаурентис.

ПретходноХаос во Удине: Наполи славеше титула, а потоа следуваше општа тепачка! (ВИДЕО)
СледноТомпсон и Кари ги “скршија“ Лејкерси! (ВИДЕО)