Томпсон и Кари ги “скршија“ Лејкерси! (ВИДЕО)

157

Нема двоен “брејк“ за Леброн и друштвото. Имено Голден Стејт синоќа во вториот меч од полуфиналната серија на западот, успеа со 127:100 да слават победа над ЛА Лејкерси и со тоа да израмнат во серијата на 1:1.

Убедлива победа, и повеќе од убедлива. А затоа виновни се Клеј Томпсон и Стеф Кари, кои одиграа како во своите најдобри времиња. Очигледно е дека овој тим оди по нова титула.

Впечатлив беше настапот на Клеј Томпсон, кој уфрли дуро осум тројки, вкупно забележа 30 поени. Кари пак имаше 20 поени и 12 асистенции.

На другата страна, кај гостите Дејвис беше “заклучен“ од домашните, а Леброн Џејмс застана на 23 поени.

ПретходноДе Лаурентис во еуфорија: Ова е само почеток, следниот чекор е пехарот во ЛШ!
СледноЕлиф со шампионска порака: Доѓаме од мали земји како Македонија, Косово, Грузија…сонот на Неапол стана стварност! (ФОТО)