Денеска на програмата е 32.коло од ПМФЛ шампионатот во кое сите мечеви како што е тоа стандард за финишот на сезоната се играат во исто време, од 17:00 часот.
На полувреме, на големото дерби помеѓу Шкендија и Струга Трим Лум во Тетово резултатот е 0:0, а мора да се напомене дека гостите имаа две зицер ситуации кои не ги искористија.
Од друга страна пак, Шкупи на домашен терен на полувреме има предност од 2:0, против Македонија ЃП. Стрелци на головите Сандеј и.
Идентично и во Кратово, домаќинот Силекс има два гола предност над Работнички, а стрелци се Марко Ѓорѓиевски и Давид Манасиевски.
На останатите мечеви нема голови.