Вчерашното вонредно коло во ПМФЛ шампионатот, засекогаш ќе го помни младиот голман на тимот на Силекс, Матеј Андов. Македонскиот младински репрезентативен чува на мрежата, вчера за прв пат застана на голот на кратовци сезонава и со тоа имаше и официјалното деби во прволигашката конкуренција.
Да биде истото уште по впечатливо, Силекс победи со 2:0, а Андов успеа да ја сочува својата мрежа.
„Пред се благодарност до стручниот штаб за укажаната шанса на дуелот против Работнички. Секако дека сум пресреќен поради прволигашкото деби кое го чекам извесен период. Уште посреќен сум секако и поради победата, освоените три бода и пласманот на табелата на Силекс. Поддршката која што ми ја дадоа сите ми значеше многу како за овој дуел така и за во иднина. Се надевам дека овој мој настап ќе биде почеток на една нова страница од мојата кариера. Мислам дека како колектив покажавме дека Силекс и тоа како има квалитет да биде еден од најдобрите екипи во ПМФЛ, и да биде претставник во Европа“ – вели Матеј Андов за Спортмедиа.