Одличен фудбал и само еден решавачки гол на дуелот меѓу Реал Мадрид и Хетафе одигран вечерва во 34. коло од Примера на „Сантијаго Бернабеу“. Откако Анчелоти го искористи мечот за да им даде одмор на голем број играчи од првиот тим поради реванш полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер Сити следната недела, Реал со малку повеќе мака дојде до победата.
Реал Мадрид напаѓаше во двете полувремиња, но победничкиот гол дојде во 70. минута кога Марко Асенсио погоди за водство и триумф.
Реал Мадрид остана на второто место со 71 освоен бод, а Барселона има натпревар помалку и 11 бода повеќе од мадриѓаните.