Сасуоло го намачи Интер, но „нероаѕурите“ дојдоа до победа (ВИДЕО)

157

Фудбалерите на Интер славеа над Сасуоло со 4:2, во натпревар кој донесе многу возбудувања, но и посакувана победа за „нероаѕурите“.  Интер со оваа победа успеа да дојде до третото место на три кола пред крајот на сезоната со 66 бодови, еден повеќе од Лацио, кој сега падна на четвртото место по вчерашното реми со Лече.

Момците на Инзаги кои следнава недела треба да го одиграат реваншот со Милан во Лигата на шампионите, одиграа тежок меч со Сасуоло, кој прв погоди, но голот на Берарди во 11. минута беше поништен поради офсајд. Во завршницата на првиот дел во 41. минута Ромелу Лукаку, сепак, погоди за водство од 1:0.

Домашните во 55. минута зголемија и на 2:0 со автоголот на Руан, додека четири минути подона Лаутаро Мартинез упати удар од работ на шеснаесетникот, а топката повторно го зафати Тресолди и заврши во мрежата за 3:0.

Сепак, гостите не се предадоа и со два гола во низа дојдоа до 3:2. Интер успеа да ги смири навивачите со голот број два на Лукаку во самиот завршеток на мечот.

ПретходноАко Аугзбург ја победи Борусија (Д), Баерн ќе им испрати еден воз со пиво!
СледноАсенсио му донесе победа на Реал (М) (ВИДЕО)