Седум гола и победа на фудбалерите на Борусија Дортмунд од 5:2 во 32. коло од германската Бундес лига на мечот со Борусија Менхенгладбах. „Милионерите“ со оваа победа повторно дојдоа на бод до лидерот Баерн, кој претходно денеска го победи Шалке со 6:0.
Борусија (Д) уште на стартот ги презеде конците во свои раце и брзо направи голема позитива. Мален беше стрелец на првиот гол во петтата минута, по што следуваше пенал за Белингем за 2:0, и брзи два гола на Алер за во 32. минута домашните да имаат водство од 4:0.
Во вториот дел, гостите се созедоа и успеаја да се приближат на 4:2. Конечните 5:2 ги постигна Рејна во последните секунди од судиското продолжение.