Недановски со поздрав до битолчаните кои го нарекоа ресенски Жозе Мурињо!

4168

Владо Недановски и неговите момци ја исполнија мисијата во Охрид. По загубената битка за титулата во Битола, ракометарите на Вардар беа цврсто решени да го освојат Купот на Македонија.

Предводникот на „црвено-црните“ по мечот потенцира дека биле подготвени за оваа средба, а не се откажува од помислата дека сезоната може да ја завршат со титула.

„Во Битола притисокот беше поголем, полна сала, за нас најтешкиот терен, имавме нервоза, технички грешки. За разлика од тогаш, сега бевме добро подготвени како во одбрана така во напад.

Среќни сме за победата. Вардар мораше да го освои овој трофеј. Иако сезоната не е завршена, се може да се случи, ние ја заслужуваме титулата.  

Пред камерите сакам да ги поздравам битолските навивачи кои ме нарекоа ресенски Жозе Мурињо, воедно им благодарам“, рече Недановски. 

ПретходноГигантот на колена: Специа го шокираше Милан! (ВИДЕО)
Следно„Милионерите“ не се предаваат: Нова убедлива победа за надеж за титула (ВИДЕО)