Луда завршница на дербито меѓу Фенербахче и Ефес, Итудис збесна! (видео)

785

После минус 42 на првиот меч од полуфиналето на Суперлигата на Турција (108:66), се очекуваше реакција на Ефес на теренот на Фенербахче. А на „Улкер Арената“ во последните 100 секунди се случи „се и сешто“. Ефес победи со 92:90 и тоа со тројка со звукот на сирената.

На 27 секунди пред крајот, Вил Клајбурн погоди тројка и зголеми на 92:82 за Ефес. Фенер магично ja стопи предноста на противникот, а со забивањето на Најџел Хејс-Дејвис го сврте резултатот на 90:89. Но тоа не беше се, Клајбурн доби топка и шутна од далечина и ја погоди својата четврта тројка во последните 110 секунди за конечни 92:90.

Тренерот на Фенер, Димитри Итудис збесна по кошот на Клајбурн и ја фрли таблата со тактика и го погоди својот помошник. Потоа замина кон тунелот ниту се поздрави со својот ривал Ергин Атаман.

 

 

ПретходноФранк де Бур по две години се враќа на работа, потпиша за клуб од ОАЕ
СледноОткриена понудата на Реал, Кејн прифатил, Леви ќе бара повеќе!