Господски потег на Реал Мадрид: Азар иако нема да биде „крал“, сепак ќе добие 1/3 од годишната плата!

905

Ете затоа Реал Мадрид е најголемиот, најспектакуларниот клуб во светот, затоа што знае кога треба да повлече и тоа како господски потег.

Имено Еден Азар конечно одлучил предвреме да го раскине договорот со „кралевите“ и со тоа да си замине од Мадрид, свесен дека веќе нема смисла и натаму да седи на трибини или на клупа и да зема 28 милиони евра годишно, иако има уште една година од договорот.

На тоа Реал Мадрид му возвратил со исплата на 1/3 од платата која тој треба да ја зема за сезоната 2023/24 или последната од договорот.

На ова позитивно се шокирал и самиот Азар.

ПретходноЈокиќ годишно заработува 47 милиони долари, но на сметката му останува само половина од таа сума!
СледноЕфектот Меси: ПСЖ за само неколку дена загубил 2 милиони следачи на Инстаграм!