Додека Лео Меси веројатно денеска конечно ќе одлучи дали ќе ја прифати баснословната понуда на Ал Хилал од 1,2 милијарди евра, или ќе се врати во Барса за 13 милиони евра, интересно е да се види што во моментов е најинтересно во неговиот сега веќе некогашен клуб, ПСЖ.
Имено пребогатиот клуб од Париз, за само неколку денови по заминувањето на Меси, загубил речиси 2 милиони следачи на социјалната мрежа Инстаграм.
Очигледно е дека на фановите ширум светот ПСЖ веќе, се разбира без Меси, не им е интересен.
Интересно во секој случај.
Секако дека ова ќе биде голем удар за ПСЖ и на маркетиншки план.
Без Меси, секако и Нејмар, овој клуб нема да биде атрактивен како што беше до сега.










