Галтие повеќе не е тренер на ПСЖ

288

Иако требаше да биде предводник на „дрим тимот“ во Париз долго време, Кристоф Галтие денеска доби отказ во ПСЖ по само една година мината на клупата на овој тим.

Очигледно дека менаџментот на ПСЖ смета дека Галтие не е човекот кој може во Париз да ја донесе титулата од Лигата на Шампионите единственото нешто кое е еквивалент на вложувањата во клубот, па затоа доаѓа и отказот за искусниот стратег.

Реално, Галтие во ниту еден момент не го воспостави својот авторитет врз големите звезди од типит на Меси, Нејмар, Мбапе и имаше големи проблеми во текот на сезоната.

 

ПретходноАкадемија Пандев со триумф над Војводина на Купот на пријателството
СледноЕсмин Личина верен на Македонија ЃП