Ете затоа Реал Мадрид е најголемиот, најспектакуларниот клуб во светот, затоа што знае кога треба да повлече и тоа како господски потег.
Имено Еден Азар конечно одлучил предвреме да го раскине договорот со „кралевите“ и со тоа да си замине од Мадрид, свесен дека веќе нема смисла и натаму да седи на трибини или на клупа и да зема 28 милиони евра годишно, иако има уште една година од договорот.
На тоа Реал Мадрид му возвратил со исплата на 1/3 од платата која тој треба да ја зема за сезоната 2023/24 или последната од договорот.
На ова позитивно се шокирал и самиот Азар.










