Кога си еден од најдобрите играчи во НБА, ако не и најдобар, тогаш јасно е дека твојата годишна плата е голема, многу голема.
Таков е случајот со Никола Јокиќ, Србинот кој во моментов со својот Денвер игра во финалето од плеј – офот во НБА.
Имено, Јокиќ има годишен договор со Нагетси од 47 милиони долари, или поточно 46,9 милиони долари, тоа е јавна тајна.
Сепак интересно е тоа што едвај половина му останува само половина од таа сума.
А еве како и каде одат парите кои САД како држава му ги зема на Јокиќ.
-17,6 милиони долари е федералната такса
-2,06 милини долари е таксата на државата Колорадо
-1,41 милиони долари одат кај агентот
-1,41 милиони долари е џок таксата, тоа е данок кој го плаќаат посетители на таа држава или градот кои заработуваат
-436.000 долари плаќа на данок на придонес
И кога ќе се одбијат овие такси или даноци, тогаш на Јокиќ му останува “само“ 24,23 милиони долари нето.










