Македонската репрезентација до 21. година денеска на комплескот Петар Милошевски ќе го одигра првиот од двата пријателски мечеви закажани за овој термин. Од 17:00 часот спарингуваме со соодветната селекција на Ерменија, која што би требало да биде достоен ривал во моментов за она што сме го испланирале.
А тоа секако е што подобра подготовка за претстојните квалификации наесен, кој ќе треба да ги отвориме со гостувањето кај Шведска на 8 септември.
Пред тоа, освен овој денешен дуел со Ерменија, ни следува и оној против Малта за три дена исто така во Скопје.
„Оваа генерација има квалитет и капацитет да им се спротивстави на многу посилните репрезентации во групата. Во тоа сме убедени, а тој процес за пласман на уште едно големо натпреварување започнува уште од сега со овие подготвителни мечеви на кои мора да дадеме се од себе“ – велат од нашиот У21 табор.
Влезот за денешниот натпревар е бесплатен.