Струга ТЛ го “откачи“ Жалгирис, првиот меч сепак се игра во Литванија!

1565

На 11 јули во Виљнус ќе се игра првиот дуел од двомечот меѓу Жалгирис и Струга ТЛ во квалификациите во ЛШ. Следната недела реваншот се игра во Охрид на 19 јули. Ова е официјално.

Инаку Литванците упатија молба до Струга ТЛ, но и до УЕФА, првиот меч место во Виљнус да се игра во Македонија, а реваншот кај нив. Ова доаѓа поради фактот дека во тој термин ќе се одржи самитот на НАТО во нивниот град, па ете можност нешто да сменат, односно да добијат предност во однос на нашиот клуб.

И како што треба, стружани го одбиле овој предлог и строго се држеле до ставот дека мечевите треба да се играат според ждрепката. Па не се тие виновни поради недостигот на сместувачките капацитети во Виљнус, тоа е проблем на Жалгирис.

ПретходноФИФА го одреди домаќинот на клупското СП со 32 екипи!
СледноМиле Тодоров за уште посилен Тиквеш