Миле Тодоров за уште посилен Тиквеш

343

Тимот на Тиквеш за следната сезона како засилување во средниот ред ќе го има Миле Тодоров. Некогашниот младински репрезентативец на Македонија, досега беше дел од тимот на Скопје, но сега се сели во Кавадарци.

Со ова Тиквеш решава едно од неколкуте отворени прашања за составот за следната сезона.
Тодоров ќе мора сепак, да почека на дебито за Тиквеш затоа што и во новата ПМФЛ сезона ќе ја „влече“ суспензијата од сега веќе минатата. Добиена поради црениот картон во бараж дуелот против Вардар, одигран токму во Кавадарци.

 

ПретходноСтруга ТЛ го “откачи“ Жалгирис, првиот меч сепак се игра во Литванија!
СледноМакедонија ЃП загуби на стартот на подготовките во Словенија