Вардар денеска стартува на Арената

876

Наспроти сите наговестувања дека тимот на Вардар кој и официјално се врати во ПМФЛ летово нема ниту да започне со подготовки до „црвено – црниот“ табор денеска пристигнува демант на оваа тема.

Од ФК Вардар информираат дека денеска официјално во 18:00 часот на Арената Тодор Проески, првиот тим ќе стартува со подготовки за новата сезона.

На овој премиерен собир, односно тренинг јавноста ќе дознае кои од играчите кои беа дел од ФК Вардар изминатата сезона и кои го понесоа најголемиот товар на влез во „елитата“ се останати во клубот и ќе продолжат да настапуваат за Вардар. Од друга страна веројатно ќе има и некаков одговор што и како ќе се случува периодов со најтрофејниот клуб во Македонија.

Шпекулации и „чаршиски муабети“ има многу, а реалната ситуација ретко кој ја знае. Вистински Вардар каде е во моментов, пред се организациски, (за финансиски да не зборуваме) и до каде е најавената сопственичка трансформација. Навивачката група Комити која што јавно најави дека ќе ги преземе акциите од сегашниот сопственик Слободан Крстевски веројатно ќе има претставници на овој прв собир, па ќе може да се добие и некаква валидна информација, како од нив, така и од актуелното раководство.

 

 

ПретходноЈувентус е подготвен да го продаде Французинот!
СледноКристијан Чурлинов е нов член на Силекс