Јувентус е подготвен да го продаде Французинот!

607

Раководството на Јувентус не ја исклучува можноста во летниот преоден рок да го продаде играчот за врска Пол Погба. Минатата сезона беше ужасна за Французинот, кој едвај играше додека се справуваше со серија повреди. Токму поради тоа, со добра понуда „Старата дама“ е подготвена да се раздели со него, открива „Газета дело спорт“.

Погба минатото лето се врати во Јуве со големи очекувања. Сепак, тој го повреди коленото пред почетокот на сезоната и беше надвор од терените со месеци. Неговата одлука да не се оперира со надеж дека ќе игра на Светското првенство дополнително ги налути во Јувентус. А откако се опорави од повредата на коленото, се здоби со уште неколку полесни повреди на мускулот и успеа да забележи само 161 минута на теренот во 10 натпревари.

30-годишниот Французин има договор со „Старата дама“ до 2026 година и во овој момент нема желба да си замине. Тој е многу амбициозен повторно да се докаже со тимот на Јуве и да покаже дека вреди. Погба најави дека ќе продолжи со тренинзите на 2 јули, што е 8 дена порано од денот кога тимот ќе се сретне на претсезонскиот тренинг.

ПретходноЈКА-МТКФ карате семинар со Сенсеи Коичиро Окума 7 дан од Јапонија
СледноВардар денеска стартува на Арената