Шкендија со нова победа на подготовките, денеска „жртва“ беше Горица, фантастичен гол на Красниќи!

673

Шкендија со 2:0 попладнево успеа да ја победи Горица, екипа од Хрватска, и тоа во последниот пријателски меч од подготивките во Словенија. Добра игра на момците на тренерот Ардијан Нухиу и убава победа. Прво Красниќи во 71.минута по супер-продорот, откако од средина на игралиштето ја поведе топката, си се прошета низ одбраната на хрватскиот тим и му донесе водство на тетовскиот тим.

За конечните 2:0 се погрижи Јакупи во 90.минута.

Треба да се каже дека Шкендија имаше шанси за уште неколку голови, посебно треба да се истакне она што се случи во 35.минута кога Чинари прво не погоди од белата точка, поточнио голманот на Горица ја одби таа топка, натрча Шаља но повторно голманот на противникот одби, топката дојде до Чинари кој промаши празен гол.

Навистина неверојатно.

Ова беше последен меч на Шкендија во оваа фаза од подготовките и трет триумф, со само еден пораз и тоа од Сараево.

ПретходноНикој не сака да плати 120 милиони евра: Осимен останува во Наполи, потпишува нов договор!
СледноПо подолго време утре ФК Вардар ќе одржи прес, стартуваше акцијата – купи членска за 1.000 денари!