ПСЖ го претрка Челзи за уругвајски репрезентативец

189

Францускиот шампион Пари Сен Жермен потпиша договор со Мануел Угарте. Парижаните победија во трката со Челзи по уругвајскиот репрезентативец кој дојде од Спортинг Лисабон. ПСЖ се согласи да ја плати откупната клаузула од 60 милиони евра, а фудбалерот потпиша петгодишен договор односно до летото 2028 година. Ќе го носи дресот со број 4.

22-годишниот фудбалер кој има осум натпревари за Уругвај, со Спортинг го освои Лига купот во 2022 година, а ова е голем чекор напред за него.

ПретходноАрда Гулер: Имаше понуди, а штом ја видов на Реал сите други ми беа неважни
СледноТалески во Бенфика: Дојдов во голем клуб, слушнав се најдобро од Никола и од Борко