Одличен настап на Новак Ѓоковиќ вечерва на “Централниот терен“ на Вимблдон, и тоа против Стен Вавринка во меч од 3.коло на најпознатиот светски тениски турнир.
По само 2 часа и 10 минути, Србинот со 3:0 во сетови го победи Швајцарецот и со тоа се пласира во следната рунда, односно во 1/8 финалето.
Новак едноставно не му даде никаква шанса на својот некогашен лут ривал, едноставно покажа кој е кој.
Во првиот сет Новак покажа дека има намера овој меч експресно да го добие, целта беше јасна, да не се доигрува во текот на утрешниот ден.
Тој сет Новак го доби со 6:3, во вториот тениска “експлозија за 6:1 во гемови.
Дури во третиот сет Вавринка даде отпор, и тоа каков. Имено се играше тајбрејк, а таму Новак со 7:5 го доби и овој последен, победнички сет.
Нема што, Ѓоковиќ е решен да дојде до осмиот трофеј на Вимблдон и вкупно 24 гренслем.
Досега ривалите не можат да му земат сет а камо ли да го победат.
Сепак се знае дека допрва следува она вистинското.










