Искусниот босански интернационалец, Сеад Колашинац и официјално стана член на тимот на Аталанта. Тој за прв пат доаѓа во Серија А, откако својата кариера ја започна во Шалке, па премина во Арсенал, за да заигра и во Франција, за тимот на Олимпик Марсеј.
Дефанзивецот роден во Карслуе, Германија, ги мина младинските категории на „Панцирите“ пред да се одлучи да заигра за Босна и во нејзиниот дрес да забележи преку педесет настапи во кариерата.










