Реал Мадрид има согласност со Килијан Мбапе околу условите на личниот договор.
Новинарот Пако Делгадо за радиото Кадена Сер изјави дека Реал Мадрид договорил 5-годишен договор со Мбапе вреден 50 милиони евра годишно. Договорот ќе вклучува ослободителна клаузула од повеќе од милијарда евра. Овој аранжман ќе важи без разлика дали Мбапе ќе дојде во мадрид ова или следното лето.
Реал Мадрид сака да го донесе Мбапе како слободен агент следното лето, но ако мора, ќе се обиде да најде средства за да го реализира трансферот и оваа година. Тоа значи дека „кралевите“ ќе мора да платат околу 200 милиони евра за трансферот од ПСЖ.
Делгадо вели дека до 26 јули се ќе биде познато околу иднината на младата француска ѕвезда.