Голем интерес за билети за ракометното Европско првенство кое ќе се одржи во Германија од 10 до 28 јануари идната година. Шест месеци пред почетокот околу 200 000 билети, што е 45% од целата понуда, се продадени или резервирани, потврдија организаторите.
Следната голема продажба/резервација на билети ќе биде на 13 септември.
За неколку натпревари има огромен интерес посебно од групата А како на отворањето така и во следните две кола. Организаторите потврдија дека натпреварите од 1.коло од групата А меѓу Македонија и Франција (од 18 часот) односно Германија и Швајцарија (од 20:45 ч.) ќе се одиграат пред рекордни 50 000 гледачи.










