Милан го претстави „мексиканскиот Меси“

591

Милан го претстави офанзивниот играч за врска Лука Ромеро, кој е роден во Мексико, а го нарекуваат „мексиканскиот Меси“. Тој прекрар го добил пред три години кога како 15-годишен фудбалер го урна рекордот на шпанската Ла Лига како најмлад дебитант во сениорскиот фудбал. Заигра во дресот на Мајорка, а потоа наредните две години го носеше дресот на Лацио.

Во Рим не добиваше голема минутажа, а Милан процени дека може да им биде од голема корист па затоа го донесоа и го претставија како второ овосезонско засилување по Рубен Лофтус-Чик. Ромеро го зема дресот со број 18, а освен за Мексико може да настапува за Шпанија и Аргентина затоа што има шпански и аргентински пасош.

Инаку тој веќе има неколку настапи за У17 и У20 селекциите на Аргентина. Татко му Диего порано бил фудбалер, а има и брат близнак кој е голман.

Инаку Ромеро во март минатата година беше повикан од Лионел Скалони да биде дел од сениорската репрезентација на Аргентина. Сепак, се уште нема настап за светските прваци.

ПретходноЕП 2024: Македонија – Франција пред рекордни 50 000 гледачи
СледноРоналдо остро: Странските тренери се подобри од бразилските