У-20 ЕП Б -дивизија: Не беа доволни ни +15 и водство до 33.минута, Македонија поразена на стартот од Чешка!

224

Нашата кошаркарска У-20 репрезентација престрпе пораз од Чешка на стартот од ЕП – Б дивизија, кое се одржува во Скопје и тоа со 75:80.

Интересно е тоа дека во еден момент имавме и водство од +15, водевме се до 33. минута, но сепак кога беше најважно, кога се “кршеше“ резултатот па и победникот, гостите од Чешка беа подобри и победија на оваа средба.

Избраниците на селекторот Василев почнаа одлично, речиси перфектно одиграа во првата четвртина која ја добија со 24:16. Во втората Чесите одиграа нешто подобро и истаја ја добија со пет разлика.

Второто “полувреме“ исто почнавме добро, имавме водство од 58:47, но како што одминуваше времето, посебно по таа 33.минута кога гостите за првпат дојдоа во водство, се виде дека нешто не оди.

На крајот Чешка успеа да победи со 75:80 и да ги освои првите бодови во оваа А група.

Андреј Митревски кај нас постигна 18 поен, додека кај гостите одличен беше Мразек со 29 поени.

ПретходноАлкараз во три сета подобар од Милер, Циципас со пресврт до триумф против Мареј!
СледноНестварно: Мрак на “ЈНА“, поради долгови му ја исклучија струјата на ФК Партизан!