Швајни „удри“ по Пеп: Ни го „расипа“ фудбалот, веќе немаме идентитет

1400

Поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер го искритикува својот поранешен „шеф“ Пеп Гвардиола. Двајцата соработуваат две сезони, од 2013 до 2015 година во Баерн Минхен, а Швајни тврди дека Гвардиола на некој начин го „расипал“ германскиот фудбал.

Гвардиола седна на клупата на Баерн и проба да ја промени ДНК на тимот со својот тики-така фудбал, но поради тоа што три пати беше запиран во полуфиналето на ЛШ – тоа многумина го гледаат како неуспех. Неговиот стил, кој е популарен денеска, почнаа да го копираат и германски тренери како Томас Тухел, Јирген Клоп и други и тоа не му се допаѓа на Швајни кој тврди дека ја снемала познатата „германска школа“ на фудбалот.

Кога дојде сите мислеа дека ќе мораме да играме со кратки додавања, а на крајот се воспостави дека сме го изгубиле нашиот традиционален фудбал. Мислам дека другите репрезентации секогаш не гледале нас како борбен тим кој трча до крај на мечот, но тоа веќе не постои.

Тоа дефинитивно го изгубивме во последните седум-осум години затоа што едноставно заборавивме на тоа. Сега повеќе сме фокусирани на додавања и на убав фудбал“, додаде Швајни гостувајќи на „TalkSport“.

Токму доаѓањето на Гвардиола се поклопи со освојувањето на светската титула од страна на Германија на Мундијалот во Бразил. Но во последните години резултатите не се сјајни, се гледа голем пад во државниот тим кој знае да изгуби и од просечни репрезентации. Германија е домаќин на ЕП 2024 ќе видиме како ќе одиграат таму.

ПретходноУ-19 ЕП: Втор пораз на јуниорките, овојпат од силната Данска
СледноВан Дер Сар итно опериран во Сплит, по излив во мозокот